MUKARNAS RESORT & SPA*****
Локација:
Хотелот се наоѓа на 1 км од областа Окурчалар во
Аланија, на 35 км од центарот на градот Аланија и на 90 км од аеродромот во
Анталија. Излегува на сопствена плажа, која е долга 200 м. Хотелот се простира
на површина од 40.000 м².
Сместување:
Собите се распоредени во една хотелска зграда, на 5
спрата, со 6 лифтови на располагање. Вкупно има 424 соби (1116 кревети) од кои:
Стандардни, Големи Стандардни, Џуниор Суити, Фамилијарни соби со креветчиња на
спрат во две одделни соби, Фамилијарни соби со регуларни кревети во две одделни
соби, Соби за хендикепирани лица и Executive
суити.
Економските и Промо соби се стадардни соби со големина од 24 м², а можат да
сместат максимум 2 лица. Собите се опремени со мини бар, сателитска ТВ, клима
систем, балкон, сеф, директна телефонска линија, бања со фен и сите потребни
содржини.
Барови и ресторани:
Концептот
на хотелот е Ultra All Incslusive, а
вклучува: безалкохолни пијалоци во мини барот, дневни колачи, бисквити и торти,
понуда за ужинки надвор од главните оброци, локални и неко увозни алкохолни и
безалкохолни пијалоци, тематски вечери во главниот ресторан. Главниот ресторан
служи 5 оброци: појадок, доцен појадок, ручек, вечера и ноќна супа. Барот на
плажа функционира од 10:00 – 18:00. Останатите ресторани и барови се: Ресторан
за ужинки, Amfi ресторан
(салати, сладолед, ѓозлеме, овошје, десерти, печен компир) и Patisserie (бисквити и слатки).
Освен во барот на плажа, пијалоци се служат и во следните барови: лоби бар, бар
покрај базенот, диско бар, витамински бар, Game
бар.
Хотелот има 3 A la Carte ресторани:
Hashi, Vaspiano, Fish. Потребна
е претходна резервација и доплата по лице.
Активности
и услуги:
Хотелот поседува еден главен отворен базен, еден
затворен базен, базен со водени лизгалици, базен мини клуб, затворен базен за
деца и џакузи. Вклучени се турска бања, сауна и парна бања, фитнес центар. Wi fi низ хотелскиот комплекс и
во собите. Се доплатува: масажа во спа центарот, собна услуга, перална и
хемиско чистење, свежо цедени сокови, чување на деца, телефон, wi fi со поголема брзина,
доктор. Мини клубот содржи: игралиште, базен, аква парк, шведска маса за деца,
трамболина, анимационен тим за деца, мини голф, мини диско, соба за игри.
Останати содржини: одбојка, пикадо, аеробик во вода, вечерни шоу програми,
зумба, гимнастика, часови за танцување. Хотелот нуди посебни концепти за меден
месец, прослава на роденден, годишнина и за редовни гости во хотелот.