Haydarpasha Palace 5* - Alanya
Локација:
Хотелот Хајдарпаша Палас 5 * се наоѓа во регионот Турклер, 25 км од Аланија и 100 км од
аеродромот во Анталија.
Плажа:
Хотелска плажа со песок и камчиња. Користење на чадори, лежалки и пешкири бесплатно.
Сместување:
Хотелот располага со 592 сместувачки единици:
- Стандардна соба (26-32 м2, спална соба со брачен кревет + еден единечен кревет, бања,
максимум 2 + 1 лице),
- Еко соба (20-24 м2, спална соба, бања, максимум 2 лица),
- Супериор соба (34-38 м2, поголема спална соба со дел за седење, бања, макс. 2 + 2 лица),
- Фамилијарна соба тип А (39-47 м2, две спални соби, две бањи, максимум 4 лица),
- Фамилијарна соба тип Б (47-64 м2, две спални соби, две бањи, максимум 4 + 1 лица),
- Фамилијарен дуплекс (43-78 м2, приземен двоен кревет со два единечни кревети горе, две
бањи, максимум 4 + 1 лице).
Сите соби во хотелот имаат бања со туш, фен, централна климатизација во зависност од
временските услови, директна телефонска линија, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и
пиво се надополнуваат секој ден), сет за чај и кафе, сеф, ламинат, сателитска ТВ и музички
канали, балкон, Wi-Fi интернет (побавен проток на Интернет).
Храна и пијалоци:
Ultra All Inclusive со самопослужување, избор на повеќе јадења за појадок, ручек и вечера,
доцен појадок, попладневна ужинка, вечерна ужинка, локални и стандардни увезени
алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредено време во текот на денот во барот
на базенот.
Концептот UAI на хотелот не вклучува: луксузни увезени пијалоци, увезени пијалоци кои не
се вклучени во концептот, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, услуга во соба,
специјални вина, ресторани А'ла Карт со резервација однапред со доплата.
Содржини:
Главен ресторан базиран на отворено бифе, снек бар на плажа, ресторани А'ла Карт
(Софра-ресторан со турска кујна, Стазионе-ресторан на италијанска кујна, Шуанг - ресторан
на Далечниот исток, Вајт Хил - ресторан со специјалитети од риба), барови во хотелскиот
комплекс.Дополнително се наплаќа: лекар, услуга за перење и хемиско чистење, чување деца,
телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, изнајмување автомобил. Wi-Fi
Интернет е достапен во целиот хотел (побавен проток на Интернет).
Активности:
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна,
одбојка на плажа, пинг-понг, гимнастика, забавни програми преку ден, натпревари покрај
базен и на плажа, вечерни претстави, специјални програми за деца од 4-12 години во мини
клуб во различни возрасни групи, игралиште, мини диско.
Дополнително се наплаќа: масажа, центар за велнес и СПА, спортови на вода, куглање,
билјард, компјутерски игри