FAQ


Најчесто поставувани прашања

Што е вклучено во цената?

Сите објекти наведени во типот на соба се вклучени во цената на собата. За да ги видите објектите, само кликнете на името на собата. Можете да видите дали е со појадок или нешто друго, како и дали градските даноци се вклучени во цената со доближување на стрелката над условите. Оваа информација, исто така, ќе биде во пораката за потврда.

Дали можам да направам резервација со кредитна картичка?

Потребна е валидна кредитна картичка за да се гарантира вашата резервација за повеќето хотели. Ние нудиме мал, но растечки број на хотели, во кои ќе се гарантира вашата резервација без кредитна картичка. Исто така може да направите резервација со користење на туѓа картичка, секако со дозвола на нејзиниот сопственик. Во овој случај, Ве молиме да го потврдите името на носителот на картичката и дека имате дозвола да ја користите неговата картичка, во полето “Special Requests” при правењето на резервацијата.

Како ќе знам дали резервацијата е потврдена?

Откако процесот на резервирање ќе заврши, ќе ви се појави прозор со потврда. Овде ќе ви се појават сите детали за резервацијата, заедно со бројот на резервација. Истовремено ќе добиете и потврда на меил со сите информации за вашата резервација.

Дали може да ја откажам или да ја променам резервацијата преку www.vas.mk?

Да, тоа е лесно. Можете да ја откажете или промените вашата резервација преку контакт со нас. Сепак, проверете ја политиката за откажување на резервацијата на хотелот кој сте го резервирале. Одредени хотели нудат соби кои што подоцна не можат да се откажат.