Почитувани,клиенти,соработници и агенти,

Согласно препораките на СЗО, прогласената вонредна состојба, донесените мерки и препораки на Владата на РСМ, како и Уредбата со законска сила за примена на законот за туристичка дејност ,(Службен весник на РСМ,бр.80 од 27.03.2020година), препораки на Стопанската комора за туризам на Македонија, а кои се однесуваат на  моменталната состојба предизвикана од вирусот COVID 19 и прогласената пандемија на светско ниво од страна на СЗО, како и неизвесноста на понатамошната состојба со ширење на вирусот COVID 19 на светско ниво, а со тоа и незивесност во однос на туристичките аранжмани Ве информираме за следното:

Сите аранжмани до 30 септември 2020 година, организирани  од страна на  ВАС ТОУР ОПЕРАТОР за ЛЕТО 2020 за дестинации надвор од територијата на РС Македонија, во целост се откажани. (тоа значи дека станува збор за генерална одлука, се додека не се створат услови за повторно патување.)

Владата на РСМ, на ден 24.03.2020 година донесе Уредба со законска сила за примена на законот за туристичката дејност за време на траење на вонредната состојба (Службен весник на РСМ, бр. 80 од 27.03.2020 година). Уредбата упатува на издавање на ваучери од страна на туристичките агенции за патниците, во случај на откажување на аранжманите од страна на туристичките агенции.

За сите откажани резервации ВАС ТОУР ОПЕРАТОР ќе изготви вредносни ваучери по претходен контакт на агентите/клиентите со ВАС ТОУР ОПЕРАТОР, со взаемна согласност.

Информациите дадени во ова соопштение се однесуваат и на сите агенти/клиенти, кои имаат уплатени туристички аранжмани за пролетни патувања кои беа предвидени за реализација пред прогласувањето на вонредната состојба, како и за сите веќе откажани патувања во време на траењето на вонредната состојба (од 16 март 2020 година).

За таа цел, врз основа на примена на одредбите од Уредбата и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија - сектор за туризам и угостителство, во продолжение Ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите.

• Сите туристички агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот (патникот) на туристичкиот аранжман.

• Ваучерите ќе се издаваат во три примероци, со рок на важење најдоцна до 31.12.2021 година. (еден примерок од Ваучерот ќе се достави и до Министерството за економија, за потребната евиденција).

• Начинот на издавање на Ваучерите ќе се реализира во согласност на двете страни. Односно, туристичката агенција-организатор на аранжманот или овластената туристичка агенција за продажба (од една страна) и корисникот на ваучерот-патникот (од друга страна), ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на реализација и времетраење на аранжманот.

• Издадениот ваучер патникот ќе има можност да го искористи за аранжмани достапни во понудата на туристичката агенција (организатор на аранжманот).

• Вредноста на ваучерот ќе биде во истиот износ колку што била уплатата за аранжманот, а кој е откажан поради вонредната состојба.

• Ваучерите кои ќе бидат издадени од страна на туристичките агенции, патниците ќе можат да ги подигнат лично во туристичките агенции каде имале извршено резервација и уплата на аранжманот, или по барање на патникот истиот ваучер може да им биде испратен по електронски пат (e-mail).

• Ваучерите кои ќе бидат издадени на име на патникот кој ja извршил резервацијата и уплатата, би можеле да бидат преносливи, односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник по претходен договор меѓу патникот и туристичката агенција.

Информациите дадени во ова соопштение се однесуваат за сите патници, кои имаат уплатени туристички аранжмани за ЛЕТО 2020.

НАПОМЕНА:
- По завршување на вонредната состојба и нормализирање на условите за патување  и условите за влез и престој во дестинациите на патување, доколку постојат услови за реализирање на патување, ВАС ТОУР ќе објави нови понуди на аранжмани за Лето 2020 со нови услови, за сите или за дел од претходно објавените дестинации. По објавувањето на новите понуди  ќе може да се прават нови резервации за кои ќе се искористат вредносните ваучери.

Во случај на отварање на летната сезоната 2020 но и доколку постојат услови за реализирање на патувањата, патниците можат, по претходна најава во агенцијата и по договор со агенцијата да го искористат ваучерот како платежно средство за истите термини за кои имаат уплатено или за друг термин.

Со отворањето на канцеларијата клиентите ќе можат да си ги подигнат вредносните ваучери и истите да ги искористат.

Ви благодариме за разбирањето и Ви посакуваме добро здравје со надеж за успешна идна соработка, безбројни патувања и незаборавни спомени!

Со Почит,

Вас тоур Оператор,